Казнети 178 возачи во Скопје

Полицијата за еден ден казнила 178 возачи во Скопје, од кои 30 за брзо возење.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (11.01.) продолжи со акциски контроли во областа на сообраќајот. Во Скопје изречени се вкупно 178 мерки, од кои 30 за управување со брзина поголема од дозволената, 19 за возење без возачка дозвола, седум за нерегистрирани и технички неисправни возила и 13 за користење на мобилен телефон.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, велат од МВР.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.