Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 18 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 18 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 355 лица сомнителни и потврдени на Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие на интерните клиники имало 10 приеми, и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за гастроентерохепатологија, на Клиниката за дерматологија, на Институтот за ТБЦ и на Клиниката за нефрологија. На Клиниката за неврологија биле примени двајца пациенти, исто толку и на Клиниката за уво нос и грло и на Очната клиника.

Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 6 нови приеми на пациенти, а два на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 20 оздравени пациенти.

Во моментот на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 16 пациенти, на Клиниката за неврологија - 27 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 27 пациенти со симтоми на коронавирусот, во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија во моментот се сместени 20 пациенти, на Клиниката за очни болести - 4 пациенти, а на ОРЛ - 16 болни. На Клиниката за гастроентерохепатологија лежат 20 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 99 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 94 пациенти, а на Иститутот за белодробни заболувања кај децата во Козле има 32 пациенти. Вкупно 355 пациенти потврдени и сомнителни на Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите е на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминатите денови е стабилен и утрово, до 8 часот, имало 98 слободни места, а се очекува во текот на денот, по направените исписи на оздравените пациенти, да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и може да згрижат пациенти што имат потреба од кислородна поддршка.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.