
Утре и на Божик градскиот автобуски превоз ќе се одвива по неделен возен ред
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Создадено: 05 Јануари 2021

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) - Скопје, ја информира јавноста дека поради верските празници Бадник и Божик, јавниот автобуски превоз утре, среда (6 јануари) и четврток (7 јануари) ќе се одвива по неделен возен ред.
Утре (6 јануари), дежурни ќе бидат билетарниците на Зелен пазар и Транспортен центар кои ќе работат од 7 до 19 часот, а од 7 до 13 часот ќе биде отворена билетарницата во Ѓорче Петров.
В четврток (Божик) билетарниците нема да работат.
