Град Скопје им додели по 20.000 денари на провородените бебиња

Првото родено бебе во 2021 година во Скопје е машко, тешко е 3 650 грама и е долго 51 сантиметар. Новороденчето е родено во 00:01 часот, мајка на бебето е скопјанката Бојана Смилеска, а ова е нејзино второ дете.

 

Само неколку секунди подоцна, се роди и второто бебе во 2021 година, кое е машко. Мајка на второто бебе е 33 годишната Габриела Ѓошевска, која го роди своето прво бебе тешко 3350 грама, 51 сантиметар долго.

 

Поради протоколите за корона вирусот, денеска на Клиниката за гинекологија првородените бебиња ги посети само министерот за здравство Венко Филипче.

 

Со желби за здравје, среќа, радост и бериќет, на двете бебиња Град Скопје им додели штедни книшки со износ од по 20.000 денари.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.