Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје: Скопје се задушува, а Шилегов е задоволен со квалитетот на возудхот

Скопје се задушува. Мерните станици кај Ректорат, во Лисиче и во Карпош последните неколку дена мерат ниво на ПМ 10-честичките 2-3 пати над дозволеното, а за Шилегов, воздухот во Скопје е добар, велат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје.

„4 години нема направено ништо. Градот секоја зима се задушува, а Шилегов нема одвоено ни денар за подобрување на квалитетот на возухот. Скопје дише смрт затоа што Шилегов, наместо за повеќе зелени површини, парите ги фрли за скапи новогодишни прослави.

Скопје се задушува затоа што парите за животна средина одат на сомнителни тендери. Скопје е жртва на лагата на Шилегов, кој пред 4 години вети чист воздух веднаш, а потоа ништо не направи.

Шилегов стоеше до Заев кога викаше „Ајро, ајро“, а сега и двајцата ги нема никаде. А тоа го забележува и ЕК во извештајот за Македонија, според кој, ниту Заев ниту Шилегов не направил нешто за намалување на загадувањето иако целата власт е во нивни раце“, додаваат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.