Во следните два дена улицата Лазар Личеноски ќе биде затвoрена за сообраќај

Градот Скопје известува дека улицата Лазар Личеноски ќе биде целосно затворена за сообраќај на потегот од СРЦ „Кале“ до пред Амбасадата на САД во периодот од 5 часот на 14 октомври до 19 часот на 15 октомври, поради асфалтирање.

Градските власти апелираат до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на воведениот привремен сообраќаен режим и да ја почитуваат поставената патна сигнализација.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.