Улицата Џон Кенеди по реконструкцијата ќе има велосипедски патеки и тротоари (ВИДЕО)

Улицата Џон Кенеди, во општината Чаир, за помалку од два месеца ќе добие нов лик. Од денеска екипи на Град Скопје вршат реконструкција на коловозот на потегот од булеварот Македонско-косовска бригада до булеварот Христијан Тодоровски Карпош.

На оваа делница во наредниот период ќе бидат изградени и велосипедски патеки, ќе се заменат оштетените рабници и ќе се изврши нивелација на постојните шахти и сливници, на должина од 1.123 метри.

 

По реконструкцијата, улицата Џон Кенеди ќе биде 5-та сообраќајница на подрачјето на Чаир со оформени велосипедски патеки, по улиците Ќемал Сејфула и Втора македонска бригада и булеварите Христијан Тодоровски Карпош и Босна и Херцеговина.

 

Вредноста на проектот за обнова на улицата Џон Кенеди изнесува околу 25,8 милиони денари, а рокот на изведба е 40 дена.

 

Шилегов упати апел до граѓаните да покажат трпение додека се изведуваат градежните работи на оваа делница и да го почитуваат воведениот привремен сообраќаен режим.

 

 

 

 




© Скопски портал. Сите права се заштитени.