Се урива довоградбата кај „Мавровка"

Само еден ден по владината одлука ЈП „Македонијапат" почна да ја урива дивоградбата пред ДТЦ „Мавровка".

Бетонските столбови ги урива еден багер, а просторот околу е под силно полициско обезбедување. Една сообраќајна лента кај „Мавровка" е зафатена со полициски возила, а новинарските екипи и голем број граѓани го следат уривањето од крстосницата, па сообраќајот е закочен и Бит-пазар ечи од кршењето на бетонот, но и од нервозни возачи кои остануваат заглавени на семафорот и по дваесетина минути. Уривањето се одвива без пречки.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.