Шилегов: Рекордно зголемен бројот на зелени површини во Скопје (ВИДЕО)

До крајот на август оваа година урнат е годишниот рекорд од 100.000 квадратни метри уредени зелени површини поставен во 2018 година, изјави Шилегов на денешната прес конференција.

 

-Во пресрет на есенското садење и зголемување на зелените површини, сакам да споделам една убава вест, а тоа дека годинава веќе е срушен рекордот на ЈП Паркови и зеленило за подигање и обновување на зелени површини во нашиот град и тоа преку 117. 000 квадратни метри, а јас очекувам дека оваа квадратура до крајот на годината ќе се зголеми. Станува збор за новоподигнати и обновени зелени површини како овој парк на бул. Партизански одреди, каде што се наоѓаме денеска, со површина од 3.775 квадратни метри, паркот во Железара на ул .Коце Металец со површина 4.460 квадратни метри, зелениот коридор на бул. Никола Карев на потегот од Касарна Илинден до клучката Детелинка со површина од 7.279 квадратни метри, зелениот коридор кај клучка Детелинка со површина од 11.638 квадратни метри, ново зеленило на булевар АСНОМ со површина од 13.498 квадратни метри, кај бул. Х.Т.Карпош со површина од 5.917 квадратни метри, зелениот плоштад помеѓу бул. Х.Т.Карпош и ул. Крсте Асенов со површина од 6.608 квадратни метри, паркот кај ул. Цетинска со површина од 2000 квадратни метри, како и паркот во Сарај со површина од 1.500 квадратни метри – изјави Шилегов.

 

Тој додаде дека не треба да се заборават подигнатите паркови на местото на некогашните диви депонии во Кисела Вода со површина од околу на површина од околу 18.000 квадратни метри и во Аеродром на површина од 8.000 квадратни метри.





© Скопски портал. Сите права се заштитени.