Попладне и вечер зголемен број автобуси од Транспортен центар до Матка

Од ЈСП Скопје информираат дека денеска (27.08.2020 год), во пресрет на верскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), на линијата 60 (Транспортен центар – Матка) во период од 17.30 до 23.30 часот ќе сообраќаат дополнителен број автобуси.

 

Зголемен број автобуси на линија 60 ќе има и утре, петок (28.08.2020 год) од 7 до 18 часот.

 

Поголема фрекфенција на возила на посочената линија е поради очекуван зголемен интерес на граѓаните за посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Матка.

 

Утре, петок (28.08.2020 год) јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, а исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180 кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.

 

Дежурни ќе бидат три билетарници:

Транспортен центар 7-19.30 часот

Зелено пазарче 7-19.30 часот

Ѓорче Петров 7-13 часот




© Скопски портал. Сите права се заштитени.