Почна реконструкцијата на булеварот Видое Смилевски Бато (ВИДЕО)

Екипите на Град Скопје од денеска го реконструираат булеварот Видое Смилевски Бато, во Ново Лисиче, на потегот од крстосницата со булеварот Србија до улицата Февруарски поход, информираат од Град Скопје.

 

Со овој градежен зафат, предвидена е целосна реконструкција на коловозот на булеварот Видое Смилевски Бато во двете насоки, замена на оштетените рабници и нивелација на постојните шахти и сливници во должина од 700 метри. Вредноста на проектот изнесува околу 27,3 милиони денари, а рокот на изведба е 40 дена.

 

Шилегов додаде дека очекува овој булевар да биде завршен и порано од предвидениот рок и упати апел до граѓаните да покажат трпение додека трае реконструкцијата и да го почитуваат воведениот привремен сообраќаен режим.

 




© Скопски портал. Сите права се заштитени.