Ќе се отстрануваат билбордите за потребите на пешаците и велосипедистите

Град Скопје почнува акција за ослободување на јавниот простор за потребите на пешаците и на велосипедистите, за подобар проток на воздух во урбаната средина и за повеќе зеленило.

 

Градоначалникот Петре Шилегов најави дека со оваа акција во наредниот период Скопје ќе бидат отстранети 240 рекламни објекти - билборди и ситилајти.

 

Од сегашните 680 билборди, ќе останат 560, а ќе се отстранат и сите 120 ситилајти од јавните површини во Скопје.

 

Со тоа, првата зона од централното градско подрачје целосно се ослободува од поставените рекламни објекти, а се намалува нивниот број и во преостанатите зони.

 

Шилегов најави и дека во претстојниот период ќе бидат отстранети нелегално поставените рекламни објекти.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.