ЈСП: Од утре важат бесплатните годишни билети за студентите

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информира дека од утре продолжуваат да важат бесплатните годишни студентски билети за користење на јавниот превоз.

 

И натаму нема да важат бесплатните средношколски билети и бесплатниот превоз за возрасни лица, додаваат од ЈСП.

 

За сите измени, корисниците на посочениот тип билети ќе бидат навремено известени.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.