Вечер концерти во Автокоманда и во Универзална сала

Програмата „Култура во време на корона“ за скопјани денеска ќе понуди два концерта. Во 20:30 часот во паркот во Автокоманда концерт ќе одржи групата THE RINGTONES, а за во 22 часот во Универзалната сала е закажан настапот на PALINDROM.

 

 

Концертите ќе бидат стримувани на фејсбук страницата и на Youtube каналот на Град Скопје.

 

За потсетување, Град Скопје, заедно со градските културни институции, на 13.04.2020 година, објави Јавен повик за финансирање проекти како дел од кризните мерки „Култура во време на корона“. Идејата на повикот е пред сè да се поддржат невработените уметници, односно оние уметници кои што ги загубиле своите редовни приходи во овој период, но и да се доближи културата до сечиј дом.

 

Заинтересираните уметници може да се пријавуваат на

 

https://mkc.mk/vesti/grsk_povik1/

 

Сите учесници ќе добиваат еднаков солидарен хонорар во нето износ од 14.500 денари. Повикот ќе трае до завршувањето на вонредната ситуација.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.