Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов секоја година најавува градежна офанзива, а нема ниту еден свој проект

„Петре Шилегов денеска како и секоја година најави градежна офанзива, а нема ниту еден свој проект кој го има реализирано, а е од капитално значење. Веќе три години тој сè уште до половина ги реализира започнатите проекти на неговиот наследник Трајановски.

 

Има едноцифрена реализација на проекти кои ги вети, за разлика од стопроцентната реализација на матните тендери. Вети и не оствари изградба на подземен тунел на Скопско Кале, вети и не оствари проширување на 'Илинденска', вети и не оствари модерни кружни текови, вети и не оствари изградба на нови средни училишта, вети и не оствари решавање на проблемот со кучињата скитници и нивен хуман третман“, соопшти советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

 

„Но, затоа оствари криминална продажба на Градска куќа со која инкасира над 11 милиони евра. Не вети, а оствари сомнителен тендер за братучедите на Рашковски преку 'Дрисла' во ек на корона-криза, за којшто сè уште молчи. Не вети, а оствари бизниси кои градот ги дава за компании блиски на Вице Заев. За 4 месеци во ек на корона-криза дал 22.5 милиони денари за привремени вработувања на партиски војници. Единствено за што е во право е неговото признание дека Шилегов не живее од плата. Човекот живее од тендери и криминал“, се додава во соопштението.

 

 




© Скопски портал. Сите права се заштитени.