Денеска седум концерти на џез-музика во МКЦ

Денеска, на Меѓународниот ден на џезот, програмата „Култура во време на корона“ ќе биде посветена на џез-музиката. Во кругот на МКЦ за скопјани ќе настапуваат врвни македонски музичари и групи.

 

Нивните  настапи ќе бидат стримувани на:

 

- фејсбук страницата на Град Скопје

  https://www.facebook.com/CityofSkopje/?ref=br_rs, и на

 

- Youtube каналот на Град Скопје

https://www.youtube.com/channel/UChnvnL2Inms7iLk6uzQFyTw

 

За потсетување, Град Скопје, заедно со градските културни институции, на 13.04.2020 година, објави Јавен повик за финансирање проекти како дел од кризните мерки „Култура во време на корона“. Идејата на повикот е пред сè да се поддржат невработените уметници, односно оние уметници кои што ги загубиле своите редовни приходи во овој период, но и да се доближи културата до сечиј дом.

 

Заинтересираните уметници може да се пријавуваат на https://mkc.mk/vesti/grsk_povik1/

  

Сите учесници ќе добиваат еднаков солидарен хонорар во нето износ од 14.500 денари. Повикот ќе трае до завршувањето на вонредната ситуација.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.