Во продолжениот викенд автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

Јавниот превоз во петок (1.05.2020 год), сабота (2.05.2020 год) и недела (3.05.2020 год) ќе функционира од 5 до 14 часот, а автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред. информираат од јавното претпријатие.

 

В петок (1.05.2020 год) и во недела (3.05.2020 год) од 7.30 до 12 часот ќе работат билетарниците на Зелено пазарче и Ѓорче Петров, а во истиот период отворен ќе биде и центарот за персонализација на Транспортен центар (автобусот).

 

В сабота (2.05.2020 год) од 7.30 до 12 часот ќе работат билетарниците во Аеродром, Ѓорче Петров, Драчево, Маџари, Бутел (пазар), билетарницата на Зелен пазар и таа во Автокоманда, кај Дирекцијата на ЈСП Скопје.

 

Отворени од 7.30 до 12 часот ќе бидат центрите за персонализација во Карпош 2, на Бит пазар и центарот на Транспортен центар (автобусот).

 

 




© Скопски портал. Сите права се заштитени.