Водовод: Наплатата на фактурите да се врши по електронски пат, без провизија

ЈП Водовод и канализација – Скопје, согласно новонастаната ситуација со коронавирусот во земјава, како и препораките и забраните на Владата и Министерството за здравство кои се однесуваат на спречување на ширење на корона вирусот, ја известува јавноста за следните промени во работниот процес:

 

Наплатата на фактурите да се врши по електронски пат, без провизија. Регистрираните електронски корисници, преку својот профил и нерегистрирани корисници, преку опцијата БРЗО ПЛАЌАЊЕ на http://www.vodovod-skopje.com.mk. Сите оние кои имаат пристап до електронско плаќање, можат да извршат уплата и за друг корисник.

 

Во Дирекцијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје ќе работи само затворениот шалтер за наплата со ново работно време и тоа од понеделник до петок од 8 до 18 часот и сабота од 9 до 14 часот, со намален број на вработени.

 

Наплатниот пункт во Сарај, нема да работи. Се минимализираат теренските активности, освен во случај на дефект или во специфични ситуации.

 

Водовод ги повикува корисниците за секоја потребна информација за услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје да се обратат на:

• 02 3073 010, Дежурно Информативен Центар;

• 02 3240 300, Дирекција

• Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

• https://vodovod-skopje.com.mk/

• https://www.facebook.com/jpvodovod.skopj




© Скопски портал. Сите права се заштитени.