Герила акција ги потсетува скопјани да избегнуваат блиски контакти за време на пандемијата

Акција под назив „Држете растојание“ има за цел на најдиректен и визуелно експлицитен начин да ги потсети граѓаните да држат растојание, да избегнуваат гужви, да го намалат ракувањето и да ги минимизираат своите контаки, на тој начин заштитувајќи се себеси и другите за време на пандемијата од коронавирус.

 

Креаторите на акцијата велат дека преку неа сакаат да ги потсетат граѓаните да ги почитуваат препораките на надлежните државни органи.

 

„Во оваа ситуација превенцијата е најбитна. Како уметници и активисти не можеме да останеме неми во вакви ситуации и сметаме дека во овие тешки денови секој треба да го прави она што најдобро го знае и да го информира населението за мерките кои треба да се превземаат за самозаштита“, истакнуваат организаторите на акцијата.

 

 




© Скопски портал. Сите права се заштитени.