Град Скопје се откажува од присилна наплата на долгови додека траат мерките за заштита

Град Скопје ги известува граѓаните дека нема да презема никакви дополнителни мерки, вклучително и присилна наплата, кон сите даночни обврзници во Скопје што имаат неподмирени долгови.

 

Градските власти информираат дека оваа одлука ќе важи дека траат препораките и мерките на Владата и Министерството за здравство во однос на спречување на ширењето на коронавирусот.

 

„Градот почна со доставување решенија за данок на имот до сите физички и правни лица на територијата на Скопје, како и решенија за комунална такса-фирмарина до сите правни лица. Истовремено, се доставуваат и опомени за неплатени решенија за данок на имот и фирмарина за 2019 година на сите обврзници, кои не го подмириле долгот за минатата година“, се потсетува во соопштението.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.