Автобусите на ЈСП од утре ќе сообраќаат по саботен возен ред

Возниот ред може да се види на веб страницата http://www.jsp.com.mk, а информации може да се добијат и во Диспечерски центар на (02)3173-224.

 

Одлуката ќе важи до 21 март, а за евентуални промени, јавноста ќе биде навремено информирана.

 

Одлуката е донесена согласно препораките и преземените мерки на Владата за превенција од ширење на коронавирусот.

 
Јавното сообраќајно претпријатие информира дека од утре, понеделник, поради намалена мобилност на населението и значително намалениот број на корисници на јавниот превоз, автобусите на ЈСП Скопје и приватните превозници ќе сообраќаат по единствен саботен возен ред.



© Скопски портал. Сите права се заштитени.