ЈП Водовод и канализација нема да ги исклучува корисниците за неплатени долгови

ЈП Водовод и канализација – Скопје, согласно новонастаната ситуација со корона вирусот во нашата земја, се додека се во важност препораките и забраните на Владата и Министерството за здравство, нема да ги исклучува корисниците на услугите на претпријатието кои имаат неплатени долгови, информираат од претпријатието.

 

Воедно известуваат дека во истиот овој период, инкасаторите, за читање на состојбата на водомерите, нема да влегуваат во објектите во кои водомерите се поставени внатре. 

 




© Скопски портал. Сите права се заштитени.