Билетарниците на ЈСП ќе работат со скратено работно време

Од ЈСП информираат дека билетарниците на ЈСП Скопје и центрите за персонализација ќе работат со скратено работно време, односно до 18 часот.

 

И оваа одлука, како и останатите кои ЈСП Скопје ги донесе согласно препораките и мерките за заштита и превенција од коронавирусот, ќе важи во наредниот период, до идните препораки.

 

Од денеска, времено се укинуваат автобуските линии што сообраќаат до Средно Водно (25, 25А и 25Б), а со работа ќе прекине и Жичарницата.

 

Нема да сообраќа и автобуската линија City tour“, наменета за туристички разглед на градот.

 

Во сила е одлуката за редуциран јавен превоз, односно возилата на ЈСП Скопје и приватните превозници сообраќаат по редуциран возен ред, идентичен на оној како за време на зимскиот и летен училиштен распуст.

 

Не важат бесплатните годишни средношколски и студентски билети, а укинат е и бесплатниот превоз за возрасни лица во вторник, петок, сабота и недела.

 

Од претпријатието апелираат до граѓаните, рационално да го користат јавниот превоз, истовремено да се придржуваат на препораките како да се однесуваат во затворен простор (кивање, кашлање во подлактица или шамивче и слично).

 

 




© Скопски портал. Сите права се заштитени.