Катастарот ќе работи со скратено работно време

Агенцијата за катастар на недвижности, ја информира јавноста дека согласно препораките од владата за преземање на мерки за превенција против ширење на вирусот covid-19, шалтерите во Центарот за катастар на недвижности - Скопје од 13.3.2020 година ќе работат со работно време од 7.30 до 15.30 часот.

 

Воедно, оттаму апелираат до граѓани кои ќе имаат потреба од услуги или некакви консултации, доколку е возможно тоа да го прават по електронски пат. Голем дел од услугите и информациите кои ги нуди Агенцијата за катастар на недвижности можат да се обезбедат и преку веб страницатаhttp://www.katastar.gov.mk, или на бесплатната инфо линија: 0800 80 800. 

 




© Скопски портал. Сите права се заштитени.