Коронавирусот ги испразни скопските улици

Празни улици, паркови и трговски центри, речиси нема луѓе по улиците - ваква е глетката во Скопје утринава, откако вчера во светот беше прогласена пандемија на коронавирусот.

 

Училиштата и градинките беа затворени, а во земјава беше регистриран и деветтиот случај на заболен од ковид-19.

 

По препораките од Владата и од Министерството за здравство, забележително е дека истите почнуваат да се почитуваат од страна на граѓаните и дека движењето е видливо намалено.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.