„Ноќ на идеите“ во Скопје

Денеска, во 18 часот, во Europe House Skopje ќе се одржи меѓународната манифестација „Ноќ на идеите“ во Скопје.

 

„Ноќта на идеите“ е традиционален настан, кој се организира под покровителство на француското Министерство за надворешни работи и мрежата на француски институти во светот, а годинава главната тема се климатските промени и нејзините последици врз животот на луѓето и биодиверзитетот.

 

Учесници на дебатата ќе бидат Рош Домерего, специјалист за апитерапија и автор на многубројни дела, со излагање на темата: „Пчелите, чувари на живиот свет“, проф. д-р Силвана Манасиевска-Симиќ, професорка на Факултетот за земјоделски науки и храна при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со излагање на темата: „Влијанието на климатските промени врз биодиверзитетот и земјоделството“, и проф. д-р Татјана Миткова, професорка на Факултетот за земјоделски науки и храна при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со излагање на темата: „Климатски промени - која е улогата на почвата?“




© Скопски портал. Сите права се заштитени.