Јубилејна 100-та изведба на „ПИПИ ДОЛГИОТ ЧОРАП“ на сцената на Театар за деца и младинци

Јубилејна 100-та изведба на „ПИПИ ДОЛГИОТ ЧОРАП“, ќе се одржи в недела на 9 февруари 2020, информираат од Театарот за деца и младинци. 

 

Претставата чија премиерна изведба се случи на 23 март 2013 година, е вистински хит цели седум години кај детската публика. „Пипи долгиот чорап“ е работена според истоимената детска книга на Астрид Линдгрен и е лектира за основно образование. Одличната драматизација на Бојан Трифуновски, режисерката Драгана Милошевски - Попова  ја претвори во незаборавна претстава.

 

Не постои дете кое не би сакало да ги види вратоломиите на Пипи, оригинално девојче кое отскокнува од средината и по начинот на облекување и по начинот на однесување, пркосејќи им на сите општо прифатени норми и правила.  

 

Интересот за нашата Пипи, одиграна од актерка Соња Стамболџиоска, досега е незапаметен. Претставата изобилува со исклучително одиграни карактери, со хумор и ведрина, во изведба на актерите: Соња Стамболџиоска, Емра Куртишова, Мартин Јорданоски, Ана Левајковиќ – Бошков, Предраг Павловски, Тања Кочовска, Бојан Кирковски, Марија Ѓорѓијовска, Мики Анчевски, Драган Довлев и  Владимир Лазовски и Горан Ников. 

 

Авторскиот тим е составен од: режисерка Драгана Милошевски Попова, драматизација и адаптација - Бојан Трифуновски, сценограф - Кирил Васил,кКостимограф - Марија Пупучевска, композитор - Марјан Нечак, сценски движења и кореографија - Симона Спировска. Асистент на режија е Драгана Стојчевска, асистент сценограф е Енес Дреари, асистент на костимограф е Марта Трендафилов.

 

Резервација на билети за јубилејната избедба можете да направите на 02-3222-619 или онлајн на http://www.puppet.com.mk

 

 

 




© Скопски портал. Сите права се заштитени.