Екипи на „Водовод“ расчистуваат во Скопје по вчерашното невреме

По вчерашниот силен ветер проследен со врнежи на дожд кој го зафати главниот град, екипи на „Водовод и канализација“, започнаа со расчистување.

 

„Од раните утрински часови екипите започнаа со активности за расчистување и непречено функционирање на атмосферската канализационата мрежа“, информираат од јавното претпријатие.

 

Екипите вршат расчистување и проверка на функционалноста на сливниците и шахтите во сите општини на територијата на Скопје.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.