Град Скопје апелира да не се палат огнови на отворено за божикните празници

Град Скопје апелира до граѓаните да се воздржат од палење огнови на отворено по повод прославата на Божикните празници со цел да се заштити животната средина и амбиентниот воздух.

 

Апелот е усогласен со градоначалниците на сите скопски општини кои решија да се откажат од доделувањето дрва од општините за оваа намена, со цел да се спречи дополнителното загадување на воздухот во Скопје.

 

„Во изминативе две години Градот Скопје интензивно се бори против огновите на отворено, со единствена цел – да се заштити воздухот од загадување и да се зачува здравјето на граѓаните. Оваа градска управа воспостави целосно нов систем за елиминација на огновите на отворено кои граѓаните можат да ги пријавуваат на телефонската линија 193. Така, во 2018 година се изгаснати 251 оган на отворено, а во 2019 година – 273. Оваа активност Градот Скопје ја продолжува и оваа година“, информираат од Град Скопје.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.