За една недела пајакот подигнал 167 возила во Скопје

Во текот на изминатата недела, од 27 декември до 2 јануари, со специјалните возила пајак се подигнати 167 возила од јавните површини во главниот град.

 

Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 45 се отстранети од зонските паркиралишта, а преостанатите 122 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице, информираат од Град Скопје.

 

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 295 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 45 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

 

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

 

„Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка“, додаваат од прес-службата на Градот.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.