Поради студеното време отворени прифатните пунктови за бездомници

И оваа зима во функција ставени се четирите прифатни пунктови за бездомни лица низ државата, поради најавата за намалување на температурите. Се работи за прифатните пунктови во Скопје, Битола, Струмица и Струга.

 

Од Министерството за труд и социјална политика апелираат до граѓаните доколку забележат бездомно лице да го пријават на дежурните телефонски броеви за да биде сместено во некои од пунктовите.

 

Пријавувањето може да се прави  на следните телефонски броеви:

- Скопје: 071/733-171; 071/411-908; 071/261-778;

- Битола: 070/791-770; 071/397-272; 071/397-875;

- Струмица: 070/381-660;

- Струга: 070/317-612; 046/781-733

 

По пријавата на овие телефонски броеви мобилните тимови излегуваат на терен и ги згрижуваат бездомниците, каде тие добиваат чиста облека, топол оброк, греење и лекарска помош.

 

На лицата коишто одбиваат да се сместат во некој од пунктовите им се дистрибуира вреќа за спиење, ќебе, облека и храна.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.