Концертна промоција на Rush To Relax во МКЦ

Вечерва во МКЦ со почеток од 21 часот ќе се одржи концертна промоција на истоимениот деби албум на Rush to Relax.

 

Rush to Relax е соло проект на Дамјан Маневски, некогаш дел од битолското трио Молокаи, денес тој живее и работи во Љубљана. По неколку неуспешни обиди за бенд, Дамјан се впушта во соло авантура.

 

Rush to Relax го преточува глобалното рокенрол наследство во топлината и интимата на домашната кујна, со растеретен DIY пристап. Готви со тоа што има: гитара, вокал, матрици и онаа тајна состојка. Иако проектот е насловен според последниот албум на Eddy Current Suppression Ring, музичкиот израз е поблизок до современите соло проекти како Itchy Bugger, Escap-ism или Васко Атанасоски.

 

Истоимениот деби албум (достапен на касета и дигитално) излезе во септември, во издание на Look Back and Laugh.

 

Вечерта ќе ја отвори Јоана Ристеска со мал концерт за класична гитара.

 

Билетите се достапни на билетарница и oнлајн.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.