Прогласени најдобрите угостителски објекти во Скопје за 2019 година

Преку тајни купувачи за најдобри три ресторани се оценети: 1. „Скопски мерак“, 2. Bushi restaurant & terrace bar и 3. mkc club & restaurant.

 

Најдобри гостилници се: 1. „Градска кафеана“, 2. „Дебар Маало“ и 3. „Кафана“.

 

Најдобри кафулиња се: 1. Speakeasy, 2. ДОБАР и 3. DEUS; и најдобри Lounge и мезе-барови се: 1. ДISTRIKT BAR & KITCHEN, 2. BrooklYnski JAZZ Bistro и 3. Barbakan Bistro Bar.

 

На манифестацијата, која традиционално се одржа 12. пат, плакетите на најдобрите им ги врачи Марко Тодоров, раководител на секторот за локален економски развој на Град Скопје. Тодоров смета дека Скопје има со што да се пофали кога се во прашање угостителските објекти од овој тип бидејќи се следат светските трендови, се отвораат нови поубави локали и стандардите растат.

 

Тодоров ѝ се заблагодари на агенцијата SWOT Research за професионалната посветеност и изрази надеж за долгогодишна соработка.

 
Секторот за локален економски развој на Град Скопје во соработка со агенцијата SWOT Research, специјализирана агенција за анализа на квалитетот на услугата, избраа најдобар угостителски објект меѓу најдобрите во град Скопје.



© Скопски портал. Сите права се заштитени.