Започна реконструкција на улицата „23 Октомври“ во Општина Аеродром (ВИДЕО)

Започна обновата и реконструкцијата на дел од улицата „23 Октомври“ во скопската Општина Аеродром. Увид во градежните активности денеска извршија градоначалниците на Град Скопје и на Општина Аеродром, Петре Шилегов и Златко Марин.

 

Градоначалникот Марин потсети дека покрај реконструкција на булеварот „Февруарски поход“, во Општина Аеродром се изградени и десет нови улици. Тој додаде дека ќе продолжат со подобрување на патната инфраструктура, како во Општина Аеродром, така и во Град Скопје.

 

Градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов појасни дека оваа реконструкција чини околу девет милиони денари и ке биде завршена в рок една недела.

 

– Градот Скопје денеска започна со реконструкција на улицата „Владимир Комаров“, односно по ново „23 Октомври“, во должина од 800 метри, на релација од железничката станица каде што беа вршени прекупи во текот на минатата година па се до булеварот, рече Петре Шилегов.

 

Градоначалникот на Град Скопје очекува реконструкцијата да заврши пред започнувањето на школската година, за да можат ученици кои живеат во непосредна близина до училиштето слободно да се движат.

 

 

– Градот Скопје интензивно работи на целосна реконструкција на многу градски сообраќајници. Молиме за разбирање на граѓаните. При крај сме веќе со градежни активности во центарот на градот, но и помошните улици што ги работиме за брзо време ќе бидат проодни. Воведуваме целосно нов стандард на две релации. Ја работиме улицата, од железничка до „Ред кафе“ и од „Ред кафе“ до булеварот. Очекувам реконструкцијата брзо да заврши, рече Шилегов.

 

Тој потенцираше дека скопјани заслужуваат да имаат многу подобра инфрастура, и за него е императив да го оствари тоа до крајот на неговиот мандат.

 

На прашањето што е со трамвајот што беше најавен пред девет месеци, градоначалникот на Град Скопје рече дека за него е императив градот да има современ јавен транспорт, но очекува помош од Владата да помогне со финансирањето.

 

– Во вторникот имав работен состанок со претседателот на Владата на тема „Јавниот сообраќај на градот Скопје“ и бевме договорени Градот Скопје да изготви информација што ќе биде доставена до еконосмкиот совет на Влада за да се инфинансира проектот. Градот Скопје денеска ја изготви информацијата, во текот на денот ќе ја доставиме во Владата и очекувам наредната недела претседателот на Владата да го свика економскиот совет за да го решиме финансирањето.

.be&fbclid=IwAR2waIbtBLt4gXRq5cMQ8JbywGsrXsoBJEhFkDkyqj9rlwjfg_NICnYN9QI




© Скопски портал. Сите права се заштитени.