Ќе се отвора корзото во Ѓорче Петров

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски најави дека наскоро се отвора долгоочекуваното корзо во Ѓорче. 

 

Изработени се два павиљони, амфитеатар, плочник оплеменет со ниско зелнило, стилски клупи и корпи.

 

Предвидено е отворање и на кафулиња.

 

Пешачката улица е со димензии 180 метри и вкупната површина е 252 квадратни метри, информира Наумоски. 




© Скопски портал. Сите права се заштитени.