
Утре без вода улици од Гази Баба
- Детали
- Категорија: Гази Баба
- Создадено: 19 Февруари 2021

Од ЈП Водовод и канализација информираат дека утре, 20.02.2021 година, поради уличен дефект од Ф – 200 мм на ул. Перо Наков б.б, во близина на Кванташки пазар, во периодот од 12.00 часот, па се до отстранување на дефектот
без вода ќе останат корисниците од улиците Боривое Милошевски, Димче Милошевски, Вера Радосављевиќ и Зендел Џемаил, како и дел од корисниците од ул. Перо Наков во Општина Гази Баба.
