Стефковски: Со новиот ДУП во Автокоманда градоначалникот Георгиевски предвидува бетонизација

И во последната година од мандатот како градоначалник, Борис Георгиевски ги погазува интересите на Општина Гази Баба.

Овојпат на удар се жителите од урбаната заедница Автокоманда. Поводот за нашата реакција преку оваа прес конференција е новиот предлог- Детален урбанистички план кој се однесува на населба Автокоманда, рече Бобан Стефковски од ОК ВМРО-ДПМНЕ Гази Баба.

„ Од досега презентираното, овој детален урбанистички план е само одговор на потребите на одредени бизнис и партиски моќници но никако не ги задоволува потребите на жителите на оваа населба.

Политиката на СДСМ за бетонизација на Град Скопје е само пресликана со наведениот ДУП. Со него се предвидува многу висококатници и бетонски градби со кои ќе се намали протокот на воздух и дополнително ќе се отежне сообраќајот во оваа населба. Борис Георгиевски ги лишува децата од детски катчиња, пензионерите и сите жители од нови паркови и зелени простори. За да односот на градоначалникот да биде уште повеќе попонижувачки кон граѓаните, тој не се појавил на јавната расправа за носење на овој предлог ДУП туку испратил лица од општинската администрација кои немале одговор на поставените прашања од засегнатите жители. Нивниот револт е оправдан и тие секојдневно ни се обраќаат на нас и на советниците од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Токму поради таквиот игнорантски однос, партијата на Георгиевски последователно ги губи изборите во Општина Гази Баба и во оваа урбана заедница. Ги повикуваме жителите на Автокоманда да го разгледаат новиот ДУП кој е објавен во просториите на урбаната заедница и да ги достават своите забелешки најдоцна до 14 октомври 2020 година. ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се за да ги заштити интересите на граѓаните на Општина Гази Баба и на Автокоманда.

Оттука уште еднаш потенцираме дека програмата на Георгиевски како кандидат за градоначалник ќе остане пример за една колосална лага. За една година нашата нова локална власт, која ќе направи ревизија на скандалозното работење на Борис Георгиевски и ќе има одговорност“ порача Стефковски.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.