Добиточниот пазар во Трубарево од денеска нема да работи поради болест кај животните

ЈКП „Гази Баба 2007“ ги известува сите сточари, трговци и угостители, дека Добиточниот Пазар во населено место Трубарево од денеска нема да работи.

 

Причината за затворање на пазарот е појавата на болеста "Син јазик" кај говедата, овците и козите. Согласно препораките од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) пазарите нема да работат се додека трае оваа епидемиолошка состојба.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.