Општина Гази Баба чисти и дезинфицира јавни површини во повеќе населени места

Општина Гази Баба интензивно ги спроведува акциите за чистење и дезинфекција на јавните површини во повеќе населени места, информираат од општината.

 

Сите месни и урбани заедници, пензионерскиот дом во Автокоманда, а започнавме со машинско чистење со мала и голема механизација обезбедена со помош на приватни компании кој  ја ставија на располагање за потребите на општината. Досега опфативме во Железара, Автокоманда и Ќерамидница мали сервисни улици, а од Трубарево до Дрма со голема механизација се чистеа и главните и сервисните улици. 

 

Извршивме и дезинфекција во просториите на Домот на културата “Димитар Влахов” во Автокоманда, библиотеката “Браќа Миладиновци” и објектот на УЗ Автокоманда.

 

Домот на културата “Димитар Влахов” согласно препораките во овој период е затворен и одложени се сите активности, a eкипи на ЈКП Гази Баба ќе извршат повторно дезинфицирање на објектот пред неговото повторно отворање.

 

Од општинското јавно комунално претпријатие извршија рачно чистење и на плочникот пред кино Маџари, како и целосна дезинфекција на урбаната опрема на овој јавен простор, а извршија и целосна дезинфекција на Сточниот пазар кој е времено затворен поради состојбата со корона вирусот.

 

И наредните денови продолжуваме со одржување на чистотата во општина Гази Баба, следејќи ги препораките на Министерството за здравство и на Владата, со цел да се заштитат граѓаните и да се спречи ширење на корона вирусот преку јавните површини, стои во соопштението од Општина Гази Баба.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.