Чаир

Општина Чаир ќе им помага на граѓаните за набавка на лекови викендов

Општина Чаир ве известува дека во текот на полицискиот час овој викенд ќе асистира за исполнување на потребите на граѓаните на нејзината територија за здравствени медикаменти обезбедувајќи транспорт за лекови од аптеките во временскиот интервал од 10:00 до 20:00 часот.

 

Граѓаните кои имаат потреба од купување лекови ќе може нарачката да ја направат на овие два контакт-броја: 072 521 165 и 078 391 890. Двајца ангажирани работници со дозвола за движење ќе извршат достава на лековите до нивните домови, се вели во соопштението.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.