Чаир

Дезинфекција на 162 згради во Чаир

По дезинфекцијата на влезовите на колективните згради во населбите Стар Чаир и Топанско Поле, денеска Општина Чаир продолжи со активностите во другите населени места, информираат од општината.

 

Се дезинфицираа зградите на улицата Џон Кенеди, во населбите Серава, Гази Баба, Саат-кула, Дуќанџик, колективните згради во зоната на Бит-пазар во близина на Трговскиот центар „Мавровка“.

 

Со ова се заокружи акцијата, коja опфати дезинфекција на вкупно 162 влеза на колективните згради на територијата на општина Чаир.

 

 




© Скопски портал. Сите права се заштитени.