Чаир

Градоначалникот на Чаир именуван за почесен член Библиотеката Woodrow Wilson во САД

Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу е именуван за почесен член на Одборот на Пријателите на Претседателската Библиотека Woodrow Wilson во САД, информираат од општината.

 

Одлуката е донесена заради пријателскиот дух и примерната услуга во спомен на личноста на претседателот Wilson.

 

 

Ова одлука доаѓа во знак на благодарност веднаш по издигнувањето и овековечувањето на споменот на истакнатата личност на претседателот Wilson во Општина Чаир со поставување на неговата статуа, како заштитник на природните екзистенцијални права на балканските народи.

 

 

 

 




© Скопски портал. Сите права се заштитени.