Чаир

Заврши асфалтирањето на булеварот “Цветан Димов“

Заврши асфалтирањето на оштетениот дел на булеварот “Цветан Димов“ каде што беше потребна итна интервенција како една од најфреквентните зони во сообраќајот, информираат од Општина Чаир.

 

Во врска со ова, Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу на неговата официјална страна им се обрати на граѓаните со овие зборови: “Има прогрес во секоја област, но има уште многу работа која заедно ќе ја направиме реалност!“. 

 

 




© Скопски портал. Сите права се заштитени.