Чаир

Утре без вода дел од Чаир

Прекин на водоснабдувањето утре од девет часот ќе имаат дел од корисниците од улиците „Перо Тошев“ и „363“ во Општина Чаир.

 

Како што соопштуваат од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје, водоснабдувањето е прекинато поради промена на затварач и П.П.Хидрант од Ф 80 мм на улицата „Џон Кенеди“ број 12 во населбата Чаир.

 

Корисниците ќе бидат без вода до завршување на интервенцијата.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.