Чаир

Чаирчани имаат нова фитнес зона

Агенцијата за млади и спорт во општина Чаир пушти во употреба нова фитнес зона.

 

Официјално во употреба фитнес зоната ја пуштија директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски заедно со градончалникот Висар Ганиу.

 

-Сакам оттука да упатам порака за правилна и максимална искористеност на фитнес зоната од страна на сите граѓани, а особено од страна на младите лица, рече Каевски.

 

Тој додаде дека Агенцијата за млади и спорт и во иднина ќе продолжи со вложување и поддршка на спортот во оваа општина.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.