Повеќе улици во Центар ќе бидат затворени за сообраќај

Поради подготовки за настанот по повод Денот на независноста, во центарот на Скопје, денеска од 11 часот затворени за сообраќај ќе бидат улица 11 Октомври и ул. Димитрие Чупоски во правец на движење од ул. Васил Главинов до ул.Филип Втори Македонски, додека спротивниот правец ќе биде отворен за сообраќај, а од 15 часот сообраќајот ќе биде затворен во двата правци.

Од 23 часот денеска до 11 часот утре дополнително затворени за сообраќај ќе бидат ул. Даме Груев на потегот од крстосницата со ул.Македонија до крстосницата со ул.11 Октомври и ул.Филип Втори на потег од Кеј 13 Ноември до ул.11и Октомври и ул.11 Октомври на потегот од бул. Кочо Рацин до ул. Даме Груев.

Сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.