Во вторник без вода поголем дел од населбата Водно

Поради поврзување на нова водоводна мрежа од Ф-200 мм во ПС Водно, како и дефект на затварач од Ф-250 мм на ул. Тодор Александров бр. 3 во нас. Водно,

без  водоснабдување 08:30 часот до завршување со активностите ќе останат корисниците на следните улици: дел од ул. Ловќенска, дел од ул. Караорман, ул. Ѓеорги Хаџипанзов, ул. Капиштец, дел од ул.Тодор Александров, дел од ул. Ацо Караманов, ул. Питу Гули, ул. Димитар Пандилов, ул. Димитар Беловски, ул. Христо Чернопеев, ул. Периша Савелич, дел од ул. Славејко Арсов, Тасино Чешмиче, ул. Востаничка, дел од ул. Белградска, ул. Ѓорги Скрижевски, ОУ Кочо Рацин, ДГ Кочо Рацин како и сите дипломатски претставништва и Амбасади кои се наоѓаат на горенаведените улици.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.