Се поставува сигнализација на улиците кај Градски парк

Во согласност со основниот сообраќаен проект за урбаната четврт Парк и добиеното решение за измена на постојаниот режим за сообраќај, Општина Центар започна со поставување сообраќајна сигнализација за воведување еднонасочен режим.

 

Во интерес на зголемување на безбедноста и подобрување на проточноста, започнати се активности за поставување сообраќајна сигнализација за еднонасочен режим на улицата „Ристо Шишков“.

 

Во наредните денови ќе продолжат активностите за воспоставување еднонасочен сообраќаен режим и на улиците: „8 Март“, „Руса Плевева“, „Јордан Хаџи Константин Џинот“, „Кукушка“ и „Благоја Страчков“.

 

Поставувањето нова сообраќајна сигнализација ќе овозможи намалување на сообраќајот и протокот на возила, како и зголемена безбедност за пешаците, велосипедистите и подобрување на начинот на живот на жителите во овој дел од градот, информираат од општината.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.