Општина Бутел, во соработка со Организацијата АДРА, преку реализација на Проектот за подобрување на социјалните услуги, на своите жители, кои се стари лица над 65 години и кои го остваруваат правото, во иднина ќе им овозможи во местото на своето живеење да добијат потребна помош од лиценцирани негователи на стари лица.
 
Во пресрет на новата учебна година, деновиве се вршат подготовки за подобрување на условите за учениците од ООУ „Ацо Шопов“ – Радишани во Општина Бутел.
 
Општина Бутел информира дека го продолжува рокот за поднесување пријави за користење на бесплатно летување под мотото Летен камп-СИТЕ СМЕ ЕДНО, за деца, кои потекнуваат од семејства во социјален ризик и деца со посебни потреби.
 

Бесплатно летување за деца од социјален ризик

Општина Бутел објави јавен повик за пријавување деца од социјален ризик и деца со посебни потреби, жители на општината за стекнување право за користење бесплатно летување под мотото "Летен камп - Сите сме едно".
 
Градоначалникот Велимир Смилевски додели „Дипломи за првенци на генерација“ и вредносни ваучери на 14 матуранти-првенци на генерацијата 2020/21 од општинските основни училишта, посакувајќи им многу успех во понатамошното образование.
 

Единаесетта ликовна колонија „Љубанци 2021“ (ВИДЕО)

Во Општина Бутел се одржа детскиот ликовен ден во рамките на единаесеттата ликовна колонија „ЉУБАНЦИ 2021“.
 
Општина Бутел ги информира жителите дека средствата предвидени за доделување субвенции на граѓаните на подрачјето на општината за купување електрични тротинети се уште не се искористени. 
 
Општината Бутел во претходните два месеца во континуитет го облагородува просторот во ООУ "Свети Климент Охридски" во Бутел, информираат од општината.
 

Во тек е крводарителна акција во Општина Бутел

Денеска во просториите на Општина Бутел се одржува акција за дарување крв, информираат од општината.
 
Општина Бутел заедно со основните училишта од нејзината територија организираше прослава по повод 16 години постоење на општината.
 
Градоначалникот Велимир Смилевски заедно со градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски беа во службена посета во Општина Одемиш, Република Турција, информират од Општина Бутел.
 
Општина Бутел, согласно одлуката на вчерашната седница на Владата ги повикува земјоделците да аплицираат на продолжениот рок за субвенции.
 
Во соработка со Шведска Амбасада по повод 75- та прослава на роденденот на Пипи долгиот чорап, во аулата на ООУ„Живко Брајковски“ во Бутел е поставeнa изложба со изработки од учениците, информираат од општината.
 
Заврши реновирањето на уште еден објект на територијата на Општина Бутел, информираат од општината.
 

Акција за собирање кабаст отпад во Општина Бутел

Од вторник, 18 мај, Општина Бутел во соработка со ЈП „Комунална хигиена“ Скопје ќе спроведе акција за одложување на кабастиот отпад од домаќинствата.
 
Општина Бутел и ЈП Комунална хигиена Скопје, синоќа, во вечерните часови вршеа машинско миење на главните и сервисните улици во општината.
 
Општина Бутел објави повик за доделување субвенции на граѓаните, жители на општината за купување велосипед или електричен тротинет.
 
Општина Бутел ги повикува жителите на својата општина да аплицираат на јавниот повик на Град Скопје за доделување субвенции за купување инвертер клима уреди.
 

© Скопски портал. Сите права се заштитени.