Негователи за помош на старите лица во Општина Бутел

На подрачјето на Општина Бутел започна да се воведува социјална услуга за стари и изнемоштени лица кои имаат потреба од помош и нега во домашни услови, информираат од општината.

 

Услугата за помош и нега во домот на старите лица кои живеат на територијата на општината ќе ја обезбедува здружението на граѓани Адра - ADRA Macedonia.

 

Досега со оваа социјална услуга се опфатени 10 стари лица, односно на истите им е доделен неговател за стари лица заради помош и нега во нивниот дом. Предвидено е со оваа услуга да бидат опфатени околу 50 стари лица, жители на Општина Бутел.

 

Сите информации поврзани со услугата може да се добијат во канцеларијата на АДРА, ул. Ферид Бајрам бр.17, Бутел 2, и на телефонскиот број 078/221-847, како и во Општина Бутел кај одговорното лице Сузана Илиевска.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.